29.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Дали навистина Роналдо има клаузула во договорот со која може да се врати во Европа?!

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо пристигна во Саудиска Арабија откако потпиша историски договор со Ал-Наср до јуни 2025 година вреден 500 милиони долари, но веднаш се појавија информации дека нема многу да се задржи на Блискиот Исток и дека ќе се врати во Европа, но дали тоа е навистина точно.

Речиси сите медиуми објавија дека во договорот на Роналдо со Ал-Наср има специјална клаузула наречена „Лига на шампиони“ и е поврзана со Њукасл.

Наводно, според клаузулата, Роналдо би можело да се врати во Европа уште налето доколку Њукасл заврши на една од првите четири позиции на табелата во Премиер лигата и обезбеди пласман во ЛШ.

Шпекулациите се засилија бидејќи сопствениците на Ал-Наср се сопственици и на Њукасл. Но, луѓе блиски до Роналдо тврдат дека не постои таква клаузула во договорот.

Сепак, тоа не значи дека Португалецот ќе го одработи договорот со Ал-Наср до крај, туку тие очекуваат Роналдо да побара да биде испратен на позајмица во Њукасл доколку Чавките обезбедат пласман во ЛШ следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести