Дали некој му верува на тоа што го кажа Роналдо?

Легендарниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо веќе втора сезона по ред го носи дресот на Ал Наср во првенството на Саудиска Арабија. Роналдо кој пет пати ја освојуваше Златната топка и има неверојатно многу рекорди зад своето име, погоди и на последниот меч кој го одигра и тоа за него беше 904 погодок во кариерата.

По тој погодок, Роналдо даде една изјава со кој амногумина остнаа збунети. Португалецот изјави дека повеќе не го имтересираат личните рекорди.

„Повеќе не ги бркам индивидуалните рекорди. За секој фудбалер е добро да постигнува голови, но мене сега ми е најважно да уживам во играта и да им помогнам на соиграчите да победиме“, рече Роналдо, кој потоа додаде: „Не знам уште колку ми остана од кариерата. Затоа, единствена цел ми е што подолго да уживам во фудбалот“.

Според многумина, Роналдо ќе биде активен до 2026 година, кога би играл на Светското првенство, а потоа би заминал во пензија. Доколку успее да игра на следниот Мундијал, тој ќе биде првиот играч во историјата што играл на шест планетарни собири, што истотака е рекорд за кој Роналдо мечтае да го постави.

 

- Оглас -

Најнови вести