Ајакс е првиот тим кој успеа да го елиминира Реал Мадрид од Лигата на шампионите, а во првиот меч на свој терен загубил од мадридскиот гигант. Холандскиот тим синоќа победи во Мадрид со 4-1 и ѝ стави крај на доминацијата на Реал во елитната лига на УЕФА.
Само по 18 минути, гостите имаа предност од 2-0, но тоа беше резултат кој Реал можеше да го врати во игра само со еден постигнат погодок (мадриѓани со 2-1 славеа во Амстердам). Според многумина, клучниот момент се случи во 62-рата минута. Мароканецот Мазрауи беше во дуел со Серхио Регилон, а топката одеше покрај аут-линијата. Во еден момент таа тргна надвор од игралиштето, а Мазрауи со лизгање дојде до топката и акцијата на Ајакс продолжи. Неколку секунди подоцна, гостите преку Тадиќ дадоа еврогол за 3-0.
Голот беше одличен, но прашање е дали неколку секунди претходно топката не го напушти игралиштето. Судијата Феликс Брих, од кого гостите се плашеа дека може да суди во корист на домаќините, реши да се консултира со арбитрите кои беа во ВАР-собата. Германскиот судија не сакаше сам да ја гледа ситуацијата, а по консултација со неговите колеги во ВАР-собата, одлучи дека топката не била излезена во аут и дека погодокот на Тадиќ е регуларен.
„ВАР одлучи дека топката не била со целиот свој обем надвор од теренот.Беше тешко да се донесе одлука, но еден агол покажува дека топката ја допирала аут-линијата, а друг агол покажува дека таа со целиот обем е надвор од теренот“, рече судијата Андухар Оливер, кој сепак не можеше да тврди дали одлуката е исправна.
Што мислите вие за оваа спорна ситуација, која можеби и беше клучна на дуелот во Мадрид.