Снимките од преносот на МТВ покажуваат дека при заминувањето на играчите на МЗТ Скопје Аеродром и Чаир 2030 во соблекувалната по завршувањето на првото полувреме, едно лице се доближува кон гостинскиот бек Џон Гилон, но не се гледа никаков физички напад.
Јасно е дека имало мешаница во поттрибинискиот простор, а сега комисиите на КФСМ и комесарот за натпреварување ќе треба да одлучат каков ќе биде исходот и дали ќе има казни и службен резултат.
За време на мечот немаше никакви тензии и навистина е чудно зошто имало напад врз играчи, како што тврдат аеродромци.