Дали ова е најава за титула на Сан Сиро? Милан вакви резултати немал во новата фудбалска ера!

И по ова одиграно коло, Милан е единствен непоразен тим и тоа не само во Италија, туку во Топ 5 лигите во Европа. Росонерите вечерва со 2:0 победија на гостувањето кај Беневенто и го задржаа лидерското место во Серија А.

Освен што останаа лидери на табелата во Серија А, Милан со оваа победа поставија и еден клупски рекорд. По 15 одиграни меча, Росонерите освоија 37 бодови, што е клупски рекорд во овој период од сезоната, откако за триумф почнаа да се доделуваат три бода во италијанското првенство.

Силата на овој Милан дефинитивно е во тимската игра што се покажува и по статистиката дека е единствен клуб во Европа кој може да се пофали дека има четворица фудбалери кои имаат дадено барем по четири погодоци сезонава.

- Оглас -

Најнови вести