Лионел Меси го освои и трофејот што му фалеше во блескавата кариера. Со Аргентина стана светски првак, а вторпат по ред беше прогласен и за МВП на Мундијалот (оваа награда ја доби и во 2014 година).
Меси е рекордер со седум освоени Златни топки, сега може да се пофали дека со Аргентина е континентален и светски првак, четири пати беше европски клупски првак со Барселона и речиси да нема признание и награда кои не се во неговите витрини.