Дали поранешниот напаѓач на Јунајтед воопшто гледа фудбал, за него најдобри напаѓачи се „старци“ со 36 и повеќе години, а не Мбапе, Халанд…

Легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Енди Кол (52), во интервју за телевизијата ЕСПН ги шокира фановите со изборот на тројцата најдобри напаѓачи на светот во моментов.

Кол беше запрашан кои се најдобрите напаѓачи на денешницата и иако сите очекуваа да го слушнат името барем на Хари Кејн, на Ерлинг Халанд или на Килијан Мбапе, тој избра тројца ветерани коишто имаат 36 или повеќе години.

„Роберт Левандовски, Карим Бензема и веројатно Кристијано Роналдо. Тренерите се менуваат, но тие ја унапредија својата игра“, гласеше одговорот на Кол.

Е

По ова, фановите на социјалните мрежи почнаа да тераат мајтап со Кол и се прашуваат дали тој воопшто гледа фудбал откако се пензионира.

Енди Кол во дресот на Манчестер јунајтед во 1990 години одигра 275 натпревари и постигна 121 гол и заедно со Двајт Јорк претставуваа ноќна мора за противничките одбрани и голмани.

- Оглас -

Најнови вести