Навивачите на Манчестер јунајтед доживеаја уште едно разочарување сезонава, овој пат нивниот тим е поразен од Вест хем со 2:0 во мечот кој се играше во рамки на 18-то коло од Премиер лигата.
По 18 кола, Манчестер јунајтед има дури осум порази, а со испаѓањето од Лигата на шампионите, е доведена во прашање судбината на менаџерот Ерик тен Хаг. Ова е трет натпревар по ред во Премиер лигата на кој Манчестер јунајтед не успеа да постигне гол (Борнмут 0:4, Ливерпул 0:0).
Интересно е што на клупата на Вест хем седи човекот кој го предводеше Манчестер јунајтед по заминувањето на сер Алекс Фергусон во пензија, Дејвид Мојес.
Чеканите до победата со која го прескокнаа Јунајтед на табелата дојдоа со двата гола во второто полувреме.
Прво Џарод Боувен во 72-та минута го отвори резултатот, а само шест минути подоцна Мохамед Кудус го постави конечниот резултат.