Дали последните зборови на Ел Пистолеро најавуваат крај на кариерата?

Луис Суарес на најдобар можен начин се прости од навивачите на Гремио, постигна гол за победа на последниот меч за бразилскиот тим, а по натпреварот навести дека ниту заминувањето во пензија не е исклучено.

Светските медиуми пишуваат дека следен клуб на Ел Пистолеро ќе биде Интер Мајами, каде што повторно би играл заедно со Лионел Меси, но поради постојаните проблеми со колената и повредите, прашање е дали ќе може сè уште да игра на врвно ниво.

„На ден од секој натпревар морам да испијам три таблети и неколку часа пред мечот да примам инјекција. Ако не го направам тоа, не сум во состојба да играм. Исто така секое утро кога ќе станам, првите чекори ми се многу болни. Морам да мислам и на податокот дека можеби за пет години нема да бидам во состојба да играм ниту со пријателите. Син ми постојано ме вика да играме фудбал, но јас едноставно не можам“, изјави Суарес.

 

https://twitter.com/eurofootcom/status/1731686245842010531

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести