Дали повредата на Роналдо значи дека нема да има дерби-дуел против Меси?!

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се двајцата фудбалери кои го одбележуваат 21 век во најважната споредна работа во светот. Играчите, кои според многумина се најдобри и на сите времиња низ овие две децении, имаат играно неколку пати меѓу себе.

Со оглед на тоа дека веќе се ветерани и двајцата играат на различни континенти (Меси е во Интер Мајами во САД, а Роналдо во Ал-Наср во Саудиска Арабија), јасно е дека нема шанси да се сретнат во дуел со натпреварувачки карактер. Токму затоа беше договорен натпревар меѓу Интер Мајами и Ал-Наср во Ријад, Саудиска Арабија, на 1 февруари.

Многу навивачи со нетрпение го чекаат овој меч, но денеска пристигнаа лоши вести. Кристијано Роналдо пријави дека е повреден. Веста за оваа повреда на Португалецот пристигна од Кина, каде што Ал-Наср беше заминат да одигра две пријателски средби.

Откако беше објавено дека Роналдо е повреден и нема да може да игра, двата меча се одложени, а Ал-Наср ќе се врати во Ријад. Кога кинеските навивачи дознаа дека нема да го видат Роналдо на теренот, направија хаос и стотина од нив упаднаа во хотелот во којшто беше сместен Португалецот.  

Сега останува дилемата дали повредата на Роналдо е посериозна и дали тој ќе може да биде подготвен за планираниот меч на 1 февруари против Интер Мајами и Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести