Првиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, се повреди на мечот против Манчестер сити во Лигата на шампионите. Тоа се случи на 17-ти март, а белгискиот голман беше заменет на полувремето.
Она што е необична коинциденција, Куртоа и пред две години се повреди на истиот датум. И тогаш, како и сега, беше заменет од Украинецот Андриј Лунин.
„Кралевите“ таа сезона во Лигата на шампионите ги елиминираа Манчестер сити и Баерн Минхен, а на крајот стигнаа до трофејот од најелитното клупско фудбалско натпреварување.
Многу работи се слични или исти и оваа сезона. Реал Мадрид веќе го елиминираше Манчестер сити, а во четвртфиналето ќе игра против Баерн Минхен, па многумина ова го толкуваат како најава дека токму „кралскиот“ клуб ќе биде освојувач на Лигата на шампионите оваа сезона.

