Дали претерува НБА ѕвездата со заштитата од Коронавирусот? (Видео)

Клубовите кои ќе ја доиграат НБа сезоната, полека се стационираат во Орландо, каде е планирано да се играат сите мечеви до крајот прогласувањето на новиот првак. Дизни центарот ќе биде место каде што ќе се играат сите НБА мечеви, а дел од кошаркарите беа незадоволни од условите кои им беа понудени.

Иако поголем дел од кошаркарите кои прифатија да ја доиграат сезоната не се многу уплашени од опасниот вирус, има и такви кои не сакаат да препуштат многу на случајноста. Еден од оние кои реши целосно да се заштити е Џоел Ембид. Центарот на Филаделфија не сакаше да ризикува па реши, освен маската на лицето и ракавиците, да облече и скафандер и тоа веднаш штом излезе од автомобилот.

- Оглас -

Најнови вести