Дали рајот станува кошмар? Роналдо е повреден, навивачите скандираат Меси, Меси… (Видео)

Кристијано Роналдо одигра два официјални меча во дресот на Ал-Наср и уште нема дадено гол. Освен што не постигнал погодок, Роналдо и Ал-Наср вчера беа елиминирани во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија и останаа без еден планиран трофеј.

Освен што Ал-Наср загуби од за нив традиционално опасниот ривал Ал-Итихад, на овој меч се повреди Роналдо. По завршување на средбата, Португалецот поткривнуваше на десната нога, а по средбата кога се фотографираше, беше видливо дека е бандажирана ногата со завој.

Ал-Наср за Роналдо плати половија милијарда евра за две и пол години, а навивачите веќе започнаа и со провокации, па по вчерашниот пораз, додека Португалецот одеше кон соблекувалната, од трибините се слушаше „Меси, Меси, Меси“.

https://twitter.com/i/status/1619006958501269504

- Оглас -

Најнови вести