Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва во Кишварда, Унгарија, од 17 часот ќе го игра реванш-натпреварот од баражот за пласман во Светското првенство против Украина.
На првата средба што се играше изминатиот викенд, Македонија загуби со 22:24 и според квотите е аутсајдер и за денешниот натпревар. Квотата во Sport Life за победа на Македонија изнесува дури 4.40, додека таа за Украина е 1.35.
Ракометарките последен пат на Светско првенство настапија во 2007 година, кое се одржа во Франција и на кое селектор беше Љубомир Савевски, актуелниот предводник на репрезентацијата.