Кристијано Роналдо е херојот на Јувентус. Тоа што Португалецот со години го правеше за Реал Мадрид, сега во првата сезона во дресот на италијанскиот првак продолжува во ист стил. Роналдо постигна хет-трик и го одведе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
Голот кој значеше пласман на „старата дама“ меѓу најдобрите осум, Роналдо го даде од пенал. Интересно е што при прославата на тој погодок, Роналдо направи неколку движења кои многу наликуваа на тоа што го направи тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, како радост по вториот гол на мадриѓани.
Дали овој потег на Роналдо беше всушност враќање на Симеоне за непристојната прослава на средбата во Мадрид?