Дали сагата конечно заврши, Мбапе му кажал Да на Реал Мадрид?!

Напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација, Килијан Мбапе, по завршување на сезоната ќе се пресели во Реал Мадрид, објави француски Фут меркато.

Медиумот тврди дека по ултиматумот кој му го поставил претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, до 15-ти јануари да даде одговор дали ќе ја прифати понудата, Мбапе наводно потврдно одговорил иако пред само неколку дена  изјави дека за тоа ќе размислува на крајот од сезоната.

Но, оваа вест не е потврдена од најрелевантните медиуми од земјите во кои се инволвирани двете страни.

Засега молчи највлијателниот весник во Франција “Лекип“, а тивки се и двата весници кои важат за блиски до Реал Мадрид, „Марка“ и „Ас“.

Доколку Мбапе на крајот од сезоната се пресели во Реал Мадрид, само за потпис на договорот ќе добие бонус од 130 милиони евра, а годишната плата ќе му изнесува 26 милиони евра нето.

 

- Оглас -

Најнови вести