Фудбалот постојано носи необични ситуации, ситуации кои ретко или никогаш претходно не се видени. Една „акција“, за која нема објаснување како се случи и по која беше постигнат погодокот за победа, беше на дуелот меѓу екипите на Лешоеш У23 и Брага У23.
Гостите од Брага победија со 1:0, а единствениот погодок беше постигнат во 40-тата минута, и тоа на многу необичен начин. Сè започна по лошото исфрлување на топката од страна на домашниот голман. Потоа се случи карамбол, а на крајот гостите профитираа и постигнаа погодок, кој се покажа како клучен за нивна победа.