Килијан Мбапе одигра фантастично на вчерашното Ел Класико и постигна хет-трик, но и тоа не беше доволно за Реал Мадрид да се спаси од пораз на гостувањето кај Барселона. Каталонскиот гигант победи со 4:3, што е четврта победа сезонава во четирите Ел Kласико пресметки.
Барселона го победуваше Реал за освојување на трофеите во Купот на Шпанија, Суперкупот, а вчерашниот триумф е најава за освојување и на пехарот во првенството.
Ако Мбапе беше главен во редовите на Реал, младиот тинејџер Ламин Јамал е играчот кој е двигател на играта на Барселона Јамал уште нема 18 години, но е клучна алка во каталонскиот гигант. Вчера, Јамал даде прекрасен гол за 2:2.
Дел од светските медиуми веќе најавуваат дека е започнато ново ривалство како тоа што беше меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но сега во главните улоги се Јамал и Мбапе.
Интересно е дека овие две суперѕвезди досега меѓу себе играле петпати и во сите пет средби Јамал се радувал на победи. Покрај четирите триумфи на клупски план, минатат година во полуфиналето на Европско првенство Јамал даде гол за победа на Шпанија против Франција, во чии редови капитен е Мбапе.
Интересно е дека Јамал и Мбапе за помалку од еден месец ќе имаат нова пресметка, и тоа на репрезентативен план, на 5 јуни Шпанија и Франција ќе играат во полуфиналето на Лигаta на нациите.