15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Дали солзите на Меси биле „лажни“, барањата за да остане во Барселона биле луди

Лионел Меси во летото 2021 година реши да си замине од Барселона, клуб во кој помина повеќе од 20 години. Аргентинецот не успеа да се договори со каталонскиот гигант, па затоа потпиша договор со Пари Сен Жермен.

На последната прес-конференција на „Камп ноу“, Меси со солзи во очите соопшти дека си заминува од клубот, тврдејќи дека направил сè што е во негова моќ за да остане, но тоа не било доволно.

Сепак, според некои документи кои сега се појавија, покажуваат дека Меси не покажал љубов кон клубот во кој се промовираше во еден од најдобрите на сите времиња. Причина за неговото заминување биле парите. Објавена е листа на барања поставени од Меси.

Тој барал приватен бокс на „Камп ноу“ за семејството Меси, но и за семејството Луис Суарес, со кои се големи пријатели. Барал и приватен авион за семејството да може да оди во Аргентина за време на Божиќните прзници.

Лео сакал и бонус од 10 милиони евра само за потпис и гаранција дека дополнително ќе му биде исплатена целата сума од која се одрекол за време на тешкиот финансиски период во клубот и тоа со три отсто камата. Платата требало да му остане 74,9 милиони евра на годишно ниво.

Сакал да има клаузула според која ќе може во кое било време да си замине од клубот, и тоа за симболични 10.000 евра, а не како што беше во договорот, каде што стоеше сума од 70 милиони евра.

Меси во дресот на Барселона одигра 778 мечеви во кои постигна 672 голови.

- Оглас -

Најнови вести