Дали Стерлинг ќе им одолее на милионите од Саудиска Арабија?!

Ѕвездата на Челзи, Рахим Стерлинг, е целосно фокусиран на натпреварите на Сините до крајот на сезоната и засега одбива да преговара со екипите од Саудиска Арабија, кои се заинтересирани за неговите услуги.

Англиските медиуми од извори блиски на англискиот репрезентативец пишуваат дека Стерлинг нема намера да разговара со Ал-Хилал, кој пројавува голем интерес за него, сè додека не заврши сезоната во Премиер лигата и не биде познато дали Челзи ќе обезбеди пласман во европските купови за следната сезона.

Наводно, ако Челзи втора година по ред не игра во Европа, тогаш Стерлинг сериозно ќе ја разгледа понудата на Ал-Хилал, за кого сезонава потпишаа играчи како Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Рубен Невеш.

 

- Оглас -

Најнови вести