Дали судиите го честеа Манчестер сити? Ова не беше пенал за Евертон (Видео)

Манчестер сити победи на гости кај Евертон, а освен голот што го постигна Фил Фоден доволен за победа на гостите, многу дилеми предизвика ситуацијата во 85 минута. Гостинскиот играч Родри без никаков притисок од противнички играч, сакајќи да ја освои топката, ја испружи раката и топката го удри.

Главниот судија, Пол Тирни доби сигнализација дека треба да се провери таа ситуација преку ВАР системот. Играта беше стопирана, спорната ситуација беше прегледана од неколку агли, а на крајот, арбитарот одлучи дека немало пенал за Евертон.

Навистина е тешко да се објасни кои се критериумите на англиските судии за да досудат пенал или да одлучат дека немало игра со рака, посебно во оваа ситуација каде што јасно се гледа дека Родри играше со рака.

https://twitter.com/i/status/1497653769563258882

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести