Дали судиите го штитат Јувентус? Де Лихт играше со рака, но нема пенал (Видео)

Јувентус не дозволи изненадување во Торино и победи со 2:1 против Болоња, која одигра одличен меч против шампионот. Болоња дури може и да жали што не стигна до бод, посебно по драмата која се случуваше во дополнителното време на крајот од мечот.

Гостите најпрво ја погодија пречката, а неколку секунди подоцна и Џанлуиџи Буфон имаше одлична одбрана и спаси сигурен гол. Сепак, неколку моменти пред тие драматични случувања во шеснаесетникот на Старата дама, имаше и една спорна ситуација.

Стоперот на Јувентус, Матијс де Лихт несмасно реагираше и ја промаши топката, која потоа заврши во неговата рака. Очигледно е дека играњето со рака беше повеќе од ненамерно, но сепак зад Де Лихт имаше еден противнички играч, а топката можеше да стигне до него и да има ситуација за погодок.

Низ терените во Европа во оваа и минатата сезона имаше многу слични ситуации кога ненамерно играње со рака завршуваше со пенал, но овојпат судијата Масимилијано Ирати реши воопшто да не гледа повторена снимка, туку по кратка консултација со арбитрите во ВАР собата, реши да не досуди пенал.

Проценете сами дали судијата правилно оцени дека ова не е ситуација за пенал или сепак згреши.

https://twitter.com/IFTVofficial/status/1185673980868476928

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести