Дали судијата го „честеше“ Реал Мадрид: Каманвинга се спаси од црвен картон (Видео)

Спорна ситуација во корист на Реал Мадрид се случи на дербито во Севилја, кога гостинскиот играч Едуардо Каманвинга не доби црвен картон, а со тоа Кралевите се спасија да останат со играч помалку во дербито.

Каманвинга веќе имаше еден жолт картон, кога во 39-тата минута Антони Марсијал тргна во контранапад, а играчот на Реал стартуваше од зад грб, и тоа директно на ногата на противникот. Марсијал падна, но судијата не досуди ни фаул, туку дозволи играта да продолжи.

Доколку имаше фаул, тоа сигурно ќе беше за нова јавна опомена за Каманвинга, но играчот на Реал се спаси од исклучување. Марсијал негодуваше поради тоа што не доби фаул, а за тоа колку беше сериозен стартот на играчот на Реал врз ногата на противникот, покажа и фактот дека напаѓачот на Севилја повреден го напушти теренот.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, очигледно беше свесен дека Каманвинга само затоа што доби „попуст“ од судијата, остана без црвен картон, па стратегот на Кралевите реши да го извади овој играч на полувреме.

Сами процените дали ова беше фаул на Камавинга над Марсијал и дали требаше да добие втор жолт картон.

 

- Оглас -

Најнови вести