Дали така треба да се однесува капитен на Барселона? Араухо повторно задоцни кога беше најпотребно (Видео)

Барселона едвај се спаси од пораз на гостувањето кај Њукасл откако каталонскиот гигант со голот на Ламин Јамал од пенал израмни на 1:1 во 95-тата минута. Неколку минути претходно, Њукасл поведе по една одлична акција во која во дефанзивниот ред на Барселона го немаше капитенот Роналд Араухо.

Дефанзивецот во минатото е познат како еден од виновниците за елиминацијата на Барселона во 2024 година од Пари Сен Жермен, како и ланската елиминација во полуфиналето од Интер, кога доби црвен картон, а пртходно „кумуваше“ со лоши интервенции во дефанзивната линија. Сега повторно Араухо го немаше на местото на кое требаше да биде и Њукасл даде гол.

Само неколку секунди пред Њукасл да даде гол, Араухо се пожали на замор пред шеснаесетникот на Њукасл и потоа полека тргна да се враќа во дефанзива. Тоа го искористија домаќините, кои направија акција и дадоа лесен гол од неколку метри, токму таму каде што во дефанзивата треба да брани Араухо. По мечот, самиот играч објаснил дека немал ни замор ни повреда, туку едноставно немал доволно време да се врати во одбрана.

На снимката се гледа како Араухо полека се враќа и е многу далеку од позицијата на која треба да биде. По мечот, тренерот на Барселона, Ханси Флик, реши да застане во одбрана на Араухо, иако во финишот на дуелот го извади од игра и на негово место го внесе 18-годишниот Чави Еспарт.

„Араухо одигра на десен бек затоа што не сакавме многу да менуваме во формацијата и позициите на останатите играчи. Пред мечот го прашав дали може да одигра таму и рече дека ќе може. На крајот се виде дека е уморен, дека не беше на своето место кога го примивме голот, но сепак имавме двајца играчи во шеснаесетникот кои можеа да го отстранат тој центаршут“, рече Флик.

Араухо сезонава неколку месеци беше надвор од теренот поради психолошки проблеми кои ги доби по критиките од јавноста дека не игра добро како што треба еден капитен на Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести