Дали тука имаше пенал за Мароко? (Видео)

Франција по првото полувреме има предност од 1:0 против Мароко во меч на кој двете селекции имаа и по една погодена статива. Освен голот на Ернандес и шансите на двете страни, еден од клучните моменти во првиот дел се случи во 28-мата минута, кога Буфал беше во напад, влезе во шеснаесетникот на Франција, а таму беше сопрен од Ернандес.

Дефанзивецот на Франција прво ја удри топката и ја скрати акцијата на противникот, а потоа заврши во нозете на Буфал.

Двајцата фудбалери паднаа на земја и се пожалија на повреда, а мексиканскиот судија Рамос без да гледа повторена снимка од ВАР-собата, реши дека треба да има фаул за Франција, а Буфал, кој беше „покосен“ од Ернандес, доби жолт картон.

Според многумина, оваа одлука на мексиканскиот арбитр е спорна.

- Оглас -

Најнови вести