Дали тука се е чисто: Шрусбери даде три гола по неверојатни грешки на дефанзивците на Нотс каунти (Видео)

Натпреварот од второто коло во ФА купот кој ќе се играше синоќа меѓу Нотс каунти и Шрусбери заврши со триумф на гостите (2:3) кои сите три гола ги постигнаа по неверојатни грешки на дефанзивците на домашниот тим.

Сите три гола за Шрусбери ги постигна Рајан Боуман, а резултатот го отвори уште во првата минута, а другите два гола ги постигна во 49-та и 56-та минута.

Поради сомнителните голови, фановите на социјалните мрежи се сомневаат во местенка и бараат од англиската фудбалска федерација да го истражи мечот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести