Сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара, предизвика големи реакции кај фудбалските фанови во Италија со нејзината објава на социјалните мрежи. Ванда се фотографираше со тренерка на Јувентус, што италијанските медиуми, но и навивачите го протолкуваа како иден клуб на Икарди.
https://twitter.com/andarsofian/status/1775851624948441538?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1775851624948441538%7Ctwgr%5Eba9e877b671b7b6133b31b8756840a60508ca3b3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.nogomania.rs%2FVest%2FArgentinka-otkrila-planove-Vanda-Nara-hoce-da-otera-Dusana-Vlahovica-iz-Juventusa
Мауро Икарди во минатото се поврзуваше со траснфер во Јувентус, и тоа кога влезе во војна со управата на Интер во 2020 година. Но, наместо во Торино, тој заврши во ПСЖ, од каде што по две сезони се пресели во Галатасарај и каде што игра одлично.
Тој сезонава постигна 24 гола за Галатасарај во сите натпреварувања, со што го привлече вниманието на голем број екипи од најсилните лиги, меѓу кои беа и Реал Мадрид и Јувентус.