Дали Ванда Нара со најпровокативната фотографија досега му порача на Мауро дека конечно е готово? (Фото)

Најконтроверзниот фудбалски пар Мауро Икарди – Ванда Нара изминатите месеци постојано е во центарот на вниманието поради проблемите во бракот, а со последната објава на Ванда на социјалните мрежи, сите се убедени дека конечно е крај.

Ванда и Мауро по трансферот на фудбалерот во Галатасарај минатото лето, се обидоа повторно да ја најдат хемијата, но не помина многу пред таа да одлучи да го напушти Истанбул и поголем дел од времето да го помине во Буенос Аирес. Аргентинските медиуми шпекулираа дека Ванда е во врска со раперот Л-Ганте.

Но, минатиот месец, Ванда се врати во Истанбул и социјалните мрежи беа полни со провокативни фотографии и пораки за Мауро, по што сите помислија дека тие се смирија.

Но, со последната фотографија на својот профил на Инстаграм, која е најпровокативна досега, Ванда во описот напиша дека е крај (Game Over) и нејзините фановите се убедени дека оваа порака е упатена кон Икарди.

 

- Оглас -

Најнови вести