Пари Сен Жермен испиша историја откако со 5:0 го победи Интер во финалето од Лига на шампиони. За францускиот тим овае прва континентална титула, а воедно ова е и најубедлива победа во финале на елитното натпреварување на УЕФА. Никој никогаш претходно во финале не победил со пет или повеќе голови разлика.
Интересно е дека ПСЖ прв тргна од центарот на стартот од мечот и тоа го направи за еден чуден начин. Дембеле само на допре топката, а потоа Витиња силно ја шутна што е можно подалеку во противничката половина, но со цел таа да излезе во аут.
Многу пологично ќе беше ПСЖ да започне акција, но наместо тоа, тие веднаш го префрлија притисокот во противничката дефанзива. Очигледно дека тоа беше договорен потег, затоа што сите играчи на ПСЖ веднаш се наредија во позиција за пресинг.
Без разлика како ПСЖ го започна мечот, тоа беше единствен пат кога тргнаа од центарот. За разлика од нив, Интер пет пати мораше да тргне од центарот поради примен гол, плус уште еднаш за старт на второто полувреме.
What was the point of giving the ball up to #InterMilan at kickoff?#PSG pic.twitter.com/q9CnixpMc6
— Darko Dželetović (@DarkoBasketball) May 31, 2025