Дали Златното момче на Атлетико ќе стави крај на рекордната низа на Баерн?

Атлетико Мадрид треба да ја искористи ситуацијата да стави крај на рекордната низа од 15 победи на Баерн Минхен во натпреварувањето со кое моментално владеат Баварците.

Жоао Феликс во 26-тата минута се најде на вистинското место во вистински момент, па од нафрлувањето на Љоренте ја смести топката во мрежата на Нубел со брза реакција за 1-0 во корист на составот на Симеоне. Погодокот можете да го видите на следниот ЛИНК.

Јоргаџиите имаат дополнителна предност ако се знае дека Ханси Флик доста комбинираше со составот во пресрет на дербито, давајќи им шанса на тинејџерите Мусијала и Ареј Мби, но и на младите Сар и голманот Нубел.

Во меѓувреме, Менхенглабах израмни против Интер на 1-1 преку Плеа, Митјиланд го задржа водството против Аталанта, додека Олимпијакос има минимални 1-0 на „Велодром“ против домаќинот Марсеј.

Нема голови „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Ајакс, односно на „Драгао“ во средбата меѓу Порто и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести