14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Далиќ како селектор на хрватскиот фудбалски сојуз му донесе заработка од над 70 милиони

Откако стана селектор на хрватската фудбалска репрезентација во 2017 година, Златко Далиќ со успесите кои ги има направено, на хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) му има донесено заработка од над 70 милиони долари.

Хрватска на СП во Катар 2022 ќе игра на трето големо натпреварување по ред, учествуваа и на ЕВРО 2020 и на СП во 2018 година. Пред Далиќ, ниту еден друг хрватски селектор немал ваков хет-трик.

Кога ќе се соберат парите кои ги освои Хрватска благодарение на резултатите, се доаѓа до бројка од 71 милион долари. А, допрва ќе легнат уште милиони со учеството на Мундијалот следната година.

Самото учество на СП во Катар за секоја репрезентација носи добивка од 12 милиони. Победникот ќе добие дури 50 милиони долари, а поразениот финалист 40 милиони.

- Оглас -

Најнови вести