Далиќ направи супер потег кој може и Милевски да го имплементира во репрезентацијата на Македонија

Стручниот штаб на репрезентацијата на Хрватска се зголеми со доаѓањето на Марио Манџукиќ.

Некогашниот одличен голгетер и член на оваа селекција во време на најголемите успеси, со своето искуство ќе се обиде да им помогне на селекторот и на репрезентацијата да направат уште подобри резултати.

Како што е познато, Марио пред некое време се пензионираше од активното играње фудудбал, а негов последен клуб во богатата кариера беше Милан.

Оваа идеја е навистина одлична и би било супер доколку селекторот Благоја Милевски ја „ископира“ на свој начин и да го повика Горан Пандев.

Јасно е дека Гоче не може во време во овие моменти, барем додека активно игра фудбал на клупско ниво.

Но, со оглед на тоа дека кариерата ја завршува во јуни, зошто да не биде дел од наредниот квалификациски циклус, а воедно и дел од стручниот штаб за претстојното Светско првенство во Катар, секако доколку успееме да избориме пласман.

- Оглас -

Најнови вести