2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Далиќ се жали: Младите не се толку квалитетни, немаме ниту брзина, ниту напаѓачи

Хрватска е една од оние репрезентации кои блескаат кога се работи за настапите на Светското првенство. Во последниве 30 години Хрватска може да се пофали со два бронзени медали и еден сребрен медал. Популарните Коцкести завршија трети на последниот Мундијал во Катар, а во 2018 година во Русија играа во финалето, кога загубија од Франција со 4:2.

Успесите на Хрватска од 2018 и 2022 година се под водство на Златко Далиќ, селекторот кој треба да го води националниот тим и на претстојниот Мундијал во 2026 година. Сепак, Далиќ не е многу оптимист за настапот на следниот планетарен собир.

Хрватска е во група со Англија, Гана и Панама, а Далиќ коментира дека тоа е и најтешката група на Мундијалот.

„Дефинитивно сме во најтешката група. Англија – Хрватска ќе биде најатрактивниот меч во првото коло на целото првенство. Од последниот барабан го добивме навистина најсилниот, најнезгодниот противник, а тоа е Гана. Оваа африканска репрезентација навистина има квалитет, многу добри играчи кои настапуваат низ англиските лиги. Панама е не многу познат противник за нас“, рече Далиќ во изјава за хрватски РТЛ.

Предводникот на Хрватска вели дека ситуација околку репрезентативниот состав не е сјајна.

„Не е добра ситуацијата, во проблеми сме. Бараме млади играчи, никој не се наметнува, не покажуваат квалитет. Едноставно не покажуваат дека за нив има место во репрезентацијата. Немаме ни вистинско решение во нападот. Тука уште најквалитетен е Будимир, а тој е и најстар, ќе има 35 години за време на Мундијалот. Потребен ни е моќен, силен, брз напаѓач, кој ќе може да ѝ избега на одбраната. За жал, немаме таков“, анализира Далиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести