Далиќ: Со две раце ќе прифатевме ваков епилог да ни беше понуден пред СП

Репрезентацијата на Хрватска не успеа да го повтори успехот од претходното Светско првенство и загуби во полуфиналето на Мундијалот во Катар од Аргентина со убедливи 3:0.

Селекторот на Коцкестите, Златко Далиќ, по поразот призна дека доколку некој пред стартот на СП му понудел да игра во полуфиналето, со задоволство би прифатил такво нешто. Хрватска во четвртфиналето успеа на пенали да го елиминира првиот фаворит за трофејот, Бразил.

„Немам што да им замерам на момците, играа колку што можеа во моментот. Имавме длабочина во играта, но немавме завршница и расположени напаѓачи. Во второто полувреме сакав со Оршиќ да го зголемам притисокот кон напред, но третиот гол не сосече. Честитки за сите, ќе се обидеме да бидеме конкурентни во натпреварот за бронзата. Да ни понудеше некој пред СП ваков епилог – со две раце ќе прифатевме“, рече Далиќ.

- Оглас -

Најнови вести