Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, еден ден по поразот од Аргентина не можеше, а да не го спомне судењето, односно одлуката да не се даде сигнал за проверка од ВАР-собата околку одлуката за пеналот по кој Гаучосите поведоа со 1:0. Новинарите го прашаа Далиќ што би му рекол на арбитерот Масимилијано Ирати доколку го сретне некаде. Ирати беше главен во ВАР-собата на полуфиналето против Аргентина.
„Ако ме прашате што би менувал, би го сменил судијата. Во ВАР-собата бил истиот судија од финалето во Русија пред четири години? Тоа не го знаев. Па каде се најде баш истиот да биде на наш меч. Дали тој судија доаѓа на море кај нас? Подобро да не го запознаам, што ќе ми е. Со такви и не сакам да имам работа. Ирати, Ирати, баш иритира“, рече Далиќ, кој потоа потенцира дека се шегува, но сепак објасни зошто на ФИФА и на домаќинот Катар позначајно им е Аргентина да игра во финалето.
„Се шегувам, но навистина не знаев дека е истиот судија. Некои од судиите живеат во свој свет. Кому му е во интерес Хрватска да игра во финалето? Вчера на стадионот имаше 50.000 Аргентинци, а само три илјади хрватски навивачи“, коментираше Далиќ.