Златко Далиќ е најуспешниот селектор во историјата на хрватската репрезентација. Човекот кој беше назначен за предвоник на Коцкестите, веќе девет години со успех го води националниот тим.
Под водство на Далиќ, Хрватска на Светското првенство во Русија во 2018 година играше во финалето кога загуби од Франција со 4:2. Коцкестите блеснаа и на Мундијалот во Катар во 2022 година и повторно освоија медал, овојпат бронзен.
Едноставно Далиќ е човек за големи дострели на важни натпреварувања. Тој ќе ја води Хрватска и на планетарниот собир кој летово ќе биде во САД, Канада и Мексико, а според најавите, потоа ќе си замине.
Од Обединетите Арапски Емирати стигнуваат вести дека тие се сериозно фокусирани да го доведат Далиќ да биде нивни селектор по завршување на Мундијалот ова лето.
Хрватска на СП 2026 е во група со Англија, Гана и Панама.

