Чудна одлука донесе државната телевизија на Иран и го откажа мечот од финалето во германскиот Суперкуп меѓу Баерн и Борусија Дортмунд од банална причина.
Главна судијка на дуелот што е во тек и се игра во Минхен е Бибијана Стејнхаус, што не им се допадна на Иранците и го откажаа преносот.
Во оваа земја сè уште важи забраната за присуство на жените на фудбалските стадиони, што сè повеќе наидува на отпор, особено кај организациите што се борат за човековите права.