Јувентус и Рома во италијански стил одиграа дерби со нерешени 1-1. Стравот од пораз беше поголем од желбата за победа, па двата тима кои се кандидати за Скудетото во Серија А, се задоволија со по еден бод.
Домашните доминираа во првиот дел, рано поведоа со супергол на Влаховиќ, потоа погоди и Локатели, но тој гол беше поништен и Рома се поразбуди. Во вториот дел, римјаните беа поопасни, но откако Абрахам израмни, и тие не напаѓаа премногу.