21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Дамата од Фиренца што танцува кога освојува титули цвета на Ролан Гарос, Тревизан пак ќе игра четврфинале во Париз (Видео)

Италијанската тенисерка Мартина Тревизан го повтори успехот од 2020 година и пак ќе игра четвртфинале на Ролан Гарос по драматичната победа против Александра Саснович со 7:6, 7:5.

Дамата од Фиренца во меч со многу пресврти и вистинска драма двапати се спасуваше во финишот на двата сета.

Најпрво беше на работ на негатива од 0:1 кога го загуби сервисот за 5:6, но возврати со брејк и во исклучително интересен тај-брејк со 12:10 во поени поведе со 1:0.

И во финишот на вториот сет беше во загубена ситуација со 5:3 предност за Саснович, но се разигра, нанижа четири гема по ред и се пласираше во ново четвртфинале на гренслемот во Париз.

Тревизан е позната по танцот што го изведе во Рабат, кога победи на ВТА турнирот во Мароко.

Противничка за прво гренслем полуфинале во кариерата ќе и биде победничката од дуелот меѓу Фернандес и Анисимова кој е во тек и моментно е 1:1 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести