12.8 C
Skopje
петок, 19 септември 2025

Дамфрис: Интер има квалитет да ја освои Лигата на шампионите

Дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис, смета дека составот на Нераѕурите има квалитет да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона. Сепак, Холанѓанецот нагласи дека е прерано да се каже дали тимот може да го надмине минатогодишниот успех и пласманот во финалето.

Интер вечерва ја започнува својата европска кампања во сезоната 2025/26 со гостување кај Ајакс во Холандија.

Расположението во таборот на Интер не е на највисоко ниво поради двата последовни порази во Серија А, прво од Удинезе, а потоа и во „Дербито на Италија“ против Јувентус.

„Изгубивме два од последните три натпревари, тоа не е стартот што го посакувавме, но имаме искуство и сакаме повторно да се претставиме добро. Лигата на шампионите е различно натпреварување и мораме силно да започнеме. Сè зависи од нас, треба да ја докажеме нашата вредност. Ако го погледнете дуелот со Јуве, примавме голови премногу лесно. Работевме на тоа и си рековме дека мора да се подобриме. Нашиот стил беше доминантен, загубивме поради детали. Имаме искуство и знаеме како да се вратиме“, изјави Дамфрис пред вечерашниот меч.

Натпреварот меѓу Ајакс и Интер се игра од 21 часот на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам.

- Оглас -

Најнови вести