Дамите од Иран не смеат на стадион, нема проблем ќе навиваме од дома (Видео)
Во Иран се уште е на сила законот со кој не им се дозволува на дамите да присуствуваат на фудбалски натпревари, но сепак тие не се откажуваат

Персеполис имаше поддршка од голема група навивачи во Кашима, на првиот меч од финалето во азиската Лига на шампиони, но повторно ги немаше дамите на стадион, ниту на гостувањето во Јапонија.
Во Иран се уште важи законот за забрана на присуство на фудбалските натпревари за припадничките на понежниот пол, но тие не се откажуваат.
Персеполис загуби со два гола разлика во Јапонија и ќе има тешка задача пред реваншот во Техеран, да ја анулира негативата од 0:2. Дамите повторно нема да можат од трибините да ги поддржат своите миленици, а навиваа утринава за иранскиот шампион организирано во домашна атмосфера.
ویدیوی دریافتی از : "دبیرستان دخترانه شهید قرچهلو ورامین"
فینال لیگ قهرمانان آسیا #ACLFinal #ACL2018
مسابقه #پرسپولیس تهران #ایران و کاشیما آنتلرز ژاپن #KSMvPER pic.twitter.com/nshczQfJds— Vahid Online (@Vahid) November 3, 2018