Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија со домашен пораз од Хрватска од 53-91 го затвори квалификацискиот круг од натпреварите за пласман на Евробаскетот 2027 година.

Вечерва, во салата „Градски парк“ нашата репрезентација не можеше да смета на Мерит Хемпе која има истегнување на задната ложа, па без нашиот најдобар стрелец нашата селекција прикажа игра во рамките на своите реални можности.
Во отсуство на Хемпе, прв стрелец во македонскиот тим беше Николиќ со 16 поени, а Селцова уфрли 13.

Македонија квалификациите ги заврши со ефект од една победа и пет порази.

