И дамите играат врвен фудбал – Со 15 допири магичен гол на Волфсбург (Видео)

Женскиот фудбалски клуб Волфсбург го декласира својот ривал Митровица со 10:0 во меч од квалификациите за настап во Лигата на шампионите, а со акцијата за третиот гол Германките покажаа дека и дамите знаат да играат фудбал.

Со 15 допири на топката, фудбалерките на Волфсбург извезоа филигранска акција, што со гол ја заврши Ноел Мариц. Швајцарката постигна хет-трик, а Германките ја наполнија мрежата на тимот од Косово.

Реваншот ќе биде само формалност, а дотогаш погледнете ја акцијата за третиот гол на гостинките.

 

- Оглас -

Најнови вести