Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Робев од МЗТ Скопје Аеродром ќе направи трансфер во редовите на големиот ривал Работнички. Тој во наредните две сезони ќе биде член на клубот од „Градски парк“.
Дамјан Робев е петтото засилување на Работнички во новата сезона откако претходно беа доведени Његош Сикираш, Михаило Јовичиќ, Оливер Двојаковски и Весли Персон.
Робев дојде во МЗТ Скопје во 2021 година од Куманово.