Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, по осми пат во кариерата го освои Купот на Македонија, со што се изедначи со неговиот брат Огнен, и со Марјан Ѓуров, на второто место на вечната листа зад лидерот Перо Блажевски кој има 10 куп трофеи.
МВП на Купот 2023 беше братот близнак на Дамјан, Војдан Стојановски, а капитенот на Штрковите рече дека не е љубоморен што Војдан го освоил индивидуалното признание.
„Нема љубомора, најважно е дека победивме“ – беше коментарот на Дамјан, кој лани имаше непријатно искуство во финалето, но годинава го подигна победничкиот пехар.