Дамјан Стојановски: Подготвени сме да ја освоиме главната награда

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска отпатуваа за Копер во Словенија, каде што утре од 18 часот против Сикст Приморска го играат првиот меч од финалната серија во втората АБА лига. Финалето се игра во три добиени, а МЗТ за да се врати во главната АБА, мора да извојува барем една гостинска победа.

МЗТ може да победи во Копер, тоа го докажа есеноска кога 39 ипол минути имаше контрола, но во финишот домашните направија голем пресврт и победија. Приморска која е најсилен словенечки тим во моментов, нема пораз на свој терен, а минимално го совлада МЗТ и во „Јане Сандански“, па пред македонскиот тим е исклучително тешка задача. Пораз во финалето, ќе значи бараж против Задар кој беше претпоследен во АБА, со тоа што хрватскиот тим би ја имал предноста на домашниот терен.

После гостувањата во понеделник и вторник, в среда тимовите доаѓаат во Скопје, и в четврток, веројатно и в петок, ќе се сретнат двапати во салата во која МЗТ има улога на домаќин.

„Не треба премногу да се говори за значењето на овој дуел. Ова е големо финале кое на крајот од сезоната ја носи главната награда, а тоа е влез во главната АБА лига. Мотивацијата ни е на највисоко ниво, но тоа се подразбира, со оглед на важноста на претстојните мечеви. Веруваме во себе, и ќе пробаме да го најдоброто од тоа што го знаеме. Во секој дуел ќе влеземе со желба за победа, а можам да нагласам и дека сите во тимот ќе го оставиме срцето на терен на ечевите со Приморска“ – изјави капитенот Дамјан Стојановски.

- Оглас -

Најнови вести