Дамјан Стојановски и официјално ја заврши репрезентативната кариера. Раководството на Кошаркарската федерација на Македонија со врамен дрес го испрати во пензија 37-годишниот кошаркар пред почетокот на мечот против Полска.
Дамјан за Македонија одигра 61 натпревар со ефект од 338 поени во репрезентативниот дрес. Тој беше дел од четири Европски првенства, во 2009, 2011, 2013 и 2015 година, а беше дел и од славната литванска генерација.