8.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Дандалк постави рекорд во Лигата на Европа кој никогаш нема да биде урнат

Фудбалерите на ирскиот тим Дандалк синоќа на дуелот со лондонски Арсенал поставија ферплеј-рекорд во Лигата на Европа, кој никогаш нема да биде урнат, само може да биде изедначен.

Верувале или не, во 90-те минути игра против Топчиите, екипата на Дандалк не направи ниту еден фаул. Ова е прв ваков случај во историјата на Лигата на Европа, натпреварување кое под ова име и ваков формат постои од 2009 година. Арсенал ја искористи нежноста на ривалот и победи со комотни 3-0.

Арсенал 20 пати ги прекрши правилата, а судијата Филип Глова не покажа ниту еден жолт картон.

- Оглас -

Најнови вести