Младите кошаркари, оние кои се составен дел од М20 лигата од Адастра младинските лиги, ја имаа таа честа да ја отворат Олстар програмата во СРЦ „Кале“ во Скопје.
По голема борба, победата ја однесе екипата насловена како „Next Step“ која беше подобра од онаа која настапи под името, „Next Generation“ (131-125).
Натпреварот изобилуваше со голем број на атрактивни моменти презентирани од кошаркарите кои треба да се иднина на македонската кошарка.
А како најдобар меѓу најдобрите беше прогласен играчот на Вардар, Дамјан Данев, кој оствари 41 индексен поен.
Односно за 18:46 минути поминати на паркетот, постигна 36 поени (1/3 за три поени, 16/17 за два поени и 1/2 за еден поен), пус осум скока и една асистенција.

Програмата беше збогатена и со два дополнителни натпревари.
Оние во шутирање три поени и во забивање.
Наградата за најдобар шутер за три поени ја однесе Григориј Ѓорѓевиќ од екипата на Вардар, додека пак најдобар кај забивачите беше Дамјан Стојановски од екипата на Феникс 2010.



