32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Дани Алвес два месеци откако излезе од затвор започна нов бизнис

По 14 месеци поминати во затворот во Барселона, Дани Алвес на 25 март беше пуштен на слобода. Бразилецот беше обвинет дека сексуално нападнал една девојка во ноќен клуб, а со кауција од еден милион евра доби привремена слобода.

Според шпанските медиуми Дани Алвес веќе започнал нов бизнис. Формирал агенција која ќе ги застапува професионалните спортисти. Компанијата се вика „OQP Sport & Management“, а истовремено се грижи и за имиџот на спортистите.

Оваа компанија веќе е регистрирана во комерцијалниот регистар во Шпанија и е со седиште во Барелона.

За Алвес останува фактот дека е осуден на четири и пол години поради силување на една девојка во ноќен клуб и треба да ја одлежи оваа казна.

- Оглас -

Најнови вести